Близу Форт Ворт, Тексас, САД, е отворен првиот целосно автоматизиран ресторан на „Мекдоналдс“, целосно управуван од машини… Реакциите на јавноста се доста поделени – некои веруваат дека тоа ќе ги намали грешките, но други се противат на тоа машините да ја преземат „човечката работа“.

Внатре храната се нарачува на екрани со допир, а нарачката се зема од подвижна лента…

Новиот ресторан користи напредна технологија за купувачите да можат да нарачаат и да добијат оброк без да мора да комуницираат со луѓе. На многумина, самата таа замисла им е по малку морничава. Иако храната ја приготвуваат вистински луѓе, купувачот воопшто не комуницира со нив бидејќи тие се во кујната.

Дел од критикувачите истакнаа дека многу луѓе би можеле да останат без работа, а нeкои пак, просто претпочитаат услуги од луѓе, без оглед на сѐ, оценувајќи го овој ресторан како – „страшен“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2022 10:54