Возот „Шинкансен“ во Јапонија достигнува брзина до 320 километри на час и важи за еден најбрзите во светот. Босанскиот авантурист и блог-патеписец Роберт Дацешин документираше едно свое патување со таков воз.

– Јапонците се многу познати по својата култура на возови и се една од водечките земји во светот во однос на стапката на нивната употреба во споредба со другите превозни средства, вели патеписецот. – Покрај тоа што изгледаат импресивно однадвор, возовите се исто толку неверојатни и однатре. Секој вагон има свој тоалет, иако најимпресивниот дел е гледањето колку брзо возот, всушност, се движи, раскажува тој.

Во видеото тој покажува како изгледаат седиштата од прва и втора класа и тоалетите. Дацешин истакна дека следните неколку години оваа Јапонија ќе добие уште побрз воз наречен маглев, кој достигнува брзина над 700 километри на час.

Билет од втора класа од Токио до Кјото чини 100 евра. Седиштата наликуваат на авионски седишта, вратите се отвораат автоматски и има бројни приклучоци за вашите уреди.

– Не е евтино, но возењето на „Шинкансен“ е едно од подобрите искуства што може да ги имате во Јапонија, забележува Дацешин.

Откако Владата ќе одлучи дека еден воз излегува од сообраќај, се одржуваат „проштални свечености“, проследени со патници, медиуми итн., со цел да му се изрази благодарност на превозното средство за долгогодишната услуга.

– Возовите, кои првично беа доказ за индустрискиот развој на земјата и покажаа дека Јапонија е во чекор со западниот свет, и денес секако се еден од симболите на „Земјата на изгрејсонцето“, заклучи блогерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2022 11:47