Bо Франција последниве години зачести интернет-продажбата на непосакувани подароци добиени за Божиќ, според француските медиуми.

Имено, најмалку 650.000 нови предмети биле регистрирани за продажба на платформата „Ракутен“ на католичкиот Божиќ. Французите најчесто продаваат облека што ја добиле затоа што не им се допаѓа, или пак, големината не им одговара.

А, има и предмети што луѓето веќе ги имаат, како што се разни играчки или книги. Според претходни испитувања, се очекува околу три милиони Французи да ги продадат подароците коишто ги добиле овој Божиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2022 09:18