Истражување објавено во „Журналот за социјална психологија“ (Journal of Social Psychology), посочува дека мажите се вљубуваат побрзо од жените.

Според наводите, исто така, мажите почесто велат „те сакам“.

Иако многумина веруваат дека жените се поемотивни, на мажите им се потребни во просек 88 дена да се вљубат, а на жените – приближно 134 дена.

Мариса Харисон, една од авторите на истражувањето, верува дека на жените им треба повеќе време поради потсвесниот биолошки императив – да го најдат најпогодниот маж, кој би бил татко на нивните деца.

– Мислам дека жените потсвесно ја одложуваат љубовта, вели Харисон.

Таа смета дека тоа е и причината поради којашто жените повеќе уживаат во сексот кога се емотивно поврзани со партнерот. Вели и дека жената често самата е изненадена ако веднаш физички ја привлекува некој маж. Жената го гледа тоа како знак дека може да биде привлечена од нејзината фантазија за тоа – кој би можел да биде „вистинскиот“ и се плаши дека во тој случај, таа не го гледа онаков каков што е навистина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2022 13:11