Кинескиот технолошки гигант „Баиду“ објави проширување на комерцијалната оперативна област и на работното време на својата такси-услуга без возач во градот Вухан во средишна Кина.

Платформата за самоуправувачко возење, „Аполо го“ првпат пушти ноќно такси во Вухан, означувајќи ја новата фаза од овој комерцијален бизнис. Во мигов, со повеќе од 50 такси без возач во оптек, „Аполо го“ покрива област од над 130 квадратни километри во Вухан. „Баиду“ има свои пилот-услуги на „Аполо го“, и во Пекинг, Шангај, Гуангжу и Шенжен, јави Синхуа.

Ноќното време отсекогаш претставувало една од клучните технички тешкотии во технологијата на самоуправувачко возење, бидејќи возилата имаат пречки во проценките при слаба осветленост.

Последниве години, Кина воведува сѐ повеќе начини за поголем развој и комерцијализација на технологијата на возила без возач.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2022 10:29