До неодамна омилената храна на поголемиот дел од Германците – колбасот наречен „вурст“ претрпе „тежок удар“… Нова анкета покажува дека повеќето луѓе во земјата всушност го претпочитаат турскиот донер, кога станува збор за брза храна, јави ДПА.
Истражувањето спроведено од социолошката агенција „Ју-гов“ покажува дека 45 отсто од испитаниците на возраст над 18 години се одлучуваат за донер, наспроти 37 насто кои сѐ уште претпочитаат „вурст“. Само 15 отсто велат дека не би избрале ниту една од двете намирници, коишто се достапни „на секој агол“ во Германија.
Донер
Истражувањето говори и за јасна старосна поделба. Мнозинството од луѓето над 55 години претпочитаат колбас, а 57 насто од лицата на возраст меѓу 18 и 24 години се одлучуваат за донер.
Поголем дел од жените (47 насто) се одлучуваат за донер како омилена брза храна, а мажите пак, сепак, сѐ уште му даваат мала предност на „вурстот“ – 43 наспроти 42 отсто.