Денес на седницата на советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала Општина Бутел.

Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните. За жал советниците од СДС и Левица не го поддржа буџетот, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел.

Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.

Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:

Уредување на речното корито на Река Серава

Реконструкција и ревитализација на локални улици

Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација

Изградба на нови спортско рекреативни центри во сите населени места

Нови детски игралишта

Нови спортски игралишта

Нов пешачки и пристапни патеки

Поддршка на спортски клубови

Спортски стипендии

Субвенционирање на кровови и фасади

Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства

Финансии за културни и спортски настани

Во овој буџет предвиени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.

Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби! 2023 година ќе биде година на развој, на многу нови проекти во сите населени места!

Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2022 17:12