Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис на својот Инстаграм објави трогателно видео, раскажувајќи за тоа кога се вљубила во него…
„Пред 15 години беше зима. Тогаш се вљубив од глава до петици во Брус. Тој е љубовта на мојот живот”, напиша Ема покрај видеото.
Ема и Брус се венчаа во март 2009 година по неколку години врска и имаат две ќерки – Мејбел (10 години) и Евелин (8). Брус ги има и ќерките Талула, Скаут и Рамер со поранешната сопруга Деми Мур и сите се во многу добри односи, особено изминативе месеци откога на Брус му беше дијагностицирана афазија и тој се повлече од актерството.
„Воодушевена сум од ова видео“, напиша Скаут, а Талула додаде: „Ми се стоплува срцето кога го гледам ова“.
За потсетување, семејството на Вилис на крајот на март потврди дека му била дијагностицирана афазија, состојба на мозокот што води до губење на способноста за разбирање и изразување. Вилис целосно се повлече од јавниот живот, па обожавателите скоро „на лажичка“ дознаваат информации за неговото здравје.
Она што е општо познато е дека деновите ги минува со целото свое семејство, вклучително и Деми Мур и децата од претходниот брак.