Режисерот Џејмс Камерон откри подробности за „Аватар 3“ според кои следниот филм ќе ја истражува и „негативната страна“ на суштествата На’ви… А, ќе прикаже и „различни култури, поинакви од прикажаните досега“.

– Сакам да ги прикажам На’ви од поинаков агол, бидејќи досега ги покажав само добрите страни на нив, појасни тој. – Во досегашните филмови, има многу негативни човечки примери и многу позитивни примери на На’ви. Во „Аватар 3“, ќе го направиме спротивното… Исто така, ќе истражуваме и нови светови, напоредно со приказната за главните ликови. Можам да кажам дека последните делови ќе бидат најдобри. Овие досега беа вовед – начин да се постави „трпезата“ пред „да се послужи храната“, додаде Камерон.

Следното продолжение на „Аватар“ е најавено за 20 декември 2024 година.

Инаку, заработката на „Аватар 2“ достигна 1,379 милијарди долари ширум светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2023 13:08