Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(64), државјанин на Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, на 18.05.2022 основал правно лице во Кичево за што во канцеларијата на адвокат од Кичево потпишал изјава за основање, каде навел дека седиштето на правното лице ќе биде на адреса на која сопственикот на станот немал дадено согласност и немал сознание дека адресата на која се наоѓа неговиот стан е употребена како седиште за правно лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2023 05:50