На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2023 08:52