Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 172 возачи.

Како што информираа од МВР, од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2023 10:12