Самоуправувачките системи за помош не се резервирани само за автомобили. „Ербас“ почна со тестирање систем за помош на пилотите на авиони.

Станува збор за „Драгонфлај“ (DragonFly) што би можел да значи и спас за авион во критична состојба. Овој систем може автоматски да го пренасочи авионот, да избере рута до најсоодветниот аеродром земајќи ги предвид факторите како што се правилата за воздушниот простор и временските услови, но и да комуницира со контролата на летот и оперативниот центар на авиокомпанијата. Сѐ тоа, доколку пилотите се оневозможени, а авионот сепак би можел безбедно да слета.

„Драгонфлај“ би можел да изврши безбедно слетување на која било писта со користење на сензори и алгоритми за компјутерски преглед. Исто така, може да помогне во контролата на брзината и да ги предупреди пилотите за пречки. Од друга страна, екипажот може да мине повеќе време во подготовките за летот.

Тестирањето во мигов е ограничено на еден авион „Ербас А350-1000“ за демонстрација, така што може да треба подолго време пред системот да биде дел од патнички авион.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2023 14:04