Леден брег, чија големина стручњаците ја споредуваат со Лондон, со површина од 1.550 квадратни километри и дебел околу 150 метри, се отцепи и во мигов плови кај Антарктикот. Одвојувањето на глечерот од гребенот Брант настана по неколку пукнатини на огромна површина, а тој процес траеше неколку години.

Според досегашните информации, никој од вработените во британската истражувачка станица во близина не е во опасност.

Глечерот кој веројатно ќе го носи името „А-81“, се наоѓа во Веделовото Море, сѐ уште близу одвојувачката точка, потврдуваат научниците кои постојано ја следат состојбата. Тоа засега е најголема загриженост и опасност за колонијата пингвини коишто живеат во близина.

Ледениот гребен Брант беше најголемата ледена покривка последниве сто години, пред да почне да се топи.

Меѓутоа, научниците не го поврзуваат последното отцепување со климатските промени и глобалното затоплување, туку оваа појава ја сметаат за редовен природен процес.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2023 14:12