Глумицата Ени Вершинг, можеби најпозната по улогата на агентот на ФБИ, Рене Вокер во серијата „24“, покрај Кифер Сатерленд, и позајмувањето на гласот во видеоиграта „Последните од нас“, почина по битка со рак. Таа имаше 45 години.
Вершинг почина вчера наутро во Лос Анџелес, изјави нејзин претставник. Видот рак што ѝ бил дијагностициран 2020 година, сѐ уште не е наведен.
Нил Дракман, кој го создаде „Последните од нас“ (The Last of Us), на Твитер напиша „Штотуку изгубивме прекрасна уметница и човечко суштество. Моето срце е скршено. Мислите ми се со нејзините најблиски“.
Родена и израсната во Сент Луис, Мисури, САД, Вершинг имаше улога во 10-ци ТВ-серии и дилмови во нејзината дваесеттгодишна кариера. Нејзината прва заслуга беше во „Star Trek: Enterprise“, а потоа ќе има неповторливи улоги во седмата и осмата сезона на „24“, па „Бош“ (Bosch), „Дневникот на вампирот“ (The Vampire Diaries), „Одметници“ (Runaways) на „Марвел“, како и во втората сезона на „Ѕвездени патеки: Пикард“, како кралицата Борг.
Таа зад себе го остави нејзиниот сопруг, глумецот Стивен Фул и три сина