„Самсунг“ денеска официјално ќе ја претстави новата серија паметни телефони „Галакси С-23“, а во меѓувреме беше претставена и новата верзија на мелодијата „Over The Horizon“.
Музиката е специјално создадена за новите уреди на „Самсунг“, а новото, годинешно издание беше развиено во соработка со Јаеџи - корејско-американска уметница, со цел да се слави „позитивноста и оптимизмот“ во светот во развој. Музичката тема „Over The Horizon“, инаку, се менува со секоја нова серија на телефони „Галакси“, прилагодувајќи се на новите трендови, но и одржувајќи ја својата основа.
Јаеџи се прослави во 2017 година со нејзината мелодија „Raingurl“, а во април ќе го објави и својот деби-албум „With a Hammer“. Нејзината соработка со техноллошкиот гигант ја прави светски позната.