Освојувачот на златниот медал од Летните олимписки игри 1996. Горан Перковац (60) е назначен денеска за нов селектор на ракометната репрезентација на Хрватска.

Поранешниот хрватски репрезентативец доаѓа на чело на репрезентацијата со која како играч беше олимписки првак на Игрите во Атланта на местото на Хрвоје Хорват, кој беше разрешен од должноста.

Новиот хрватски селектор во минатото ги предводеше репрезентациите на Грција и Швајцарија, а голем од клупската кариера, како играч и тренер ја мина во Швајцарија.

Смената на селекторското столче доаѓа по неодамнешното Светско првенство на кое Хрватска со освоеното деветто место не ја исполни зацртаната цел за пласман во четвртфинале и обезбедување настап во олимписките квалификации.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2023 01:04