Во работата на општинската администрација на Гази Баба почна да се спроведува проектот „Твој службеник" чија цел е да ги открие проблемите на граѓаните од терен и нивно полесно решавање во рамките на локалната самоуправа, објави градоначалникот Бобан Стефковски. - Идејата е граѓаните да може лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Со реализирање на овој проект се олеснува начинот граѓаните да го пријават својот проблем и за истиот да добијат решение. Проектот „Твој службеник“ ќе се реализира на следниот начин: Техничките секретари во Месните и Урбаните заедници три дена во неделата ќе бидат присутни во Месните и Урбаните заедници со цел евидентирање на проблемите на граѓаните, а два дена од неделата ќе бидат во општината со цел решавање на проблемите. Ги повикувам граѓаните да ја користат оваа можност, соопшти Стефковски.