Куче од Португалија е официјално најстарото куче на сите времиња. Ѝ припаѓа на расата „Хафеиро ду алентежо“ (Rafeiro do Alentejo), која живее во просек меѓу 12 и 14 години...

Но, според Гинисовата книга на рекорди, денес Боби има 30 години и 228 дена. Возраста на кучето е потврдена преку португалската база на податоци за домашни миленици. Боби живее над три десетлетија со семејството Кошта во селото Конкеирош, на западниот брег на Португалија. Неговите сопственици велат дека нивниот миленик повеќе сака да јаде човечка храна отколку кучешка.

Претходниот рекордер беше кучето Блуи, кое почина во Австралија во 1939., на 29 години и пет месеци.

Мајката на Боби живеела 18 години. Сепак, кучето поради староста има проблеми со одењето, а веќе му се влошува и видот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2023 12:42