Новиот експериментален хорор-филм на канадскиот режисер Кајл Едвард Бол, „Скинамаринк“ (Skinamarink) е опишан од многу гледачи како „најстрашниот филм некогаш направен“, а некои тврдат дека биле „преплашени со денови“ откако го гледале и „се плашеле повторно од темнината како кога биле деца“.
Снимањето чинело околу 15.000 долари и траело само седум дена, афилмот веќе заработи два милиона долари на киноблагајните. Во главните улоги се Лукас Пол и Дали Роуз Тетро во улогата на братот и сестрата Кевин и Кејли.
Бројни светски медиуми ги објавија своите критики. „Индепендент“ го опиша филмот како „кошмар“, со „атмосфера на ужас“, а „Инверз“ го нарече „најстрашниот филм на сите времиња“ и „зла приказна“ што ќе се гледа долго време. „Њујорк тајмс“ наведе дека „експерименталниот и агресивно неразбирлив хорор-филм плени со својот недостаток на акција“.