Општина Илинден изготви Годишен извештај за работењето за 2022 година, при што се објавени поголем дел од проектите на кои се работеше во текот на изминатата година, а се од областа на комуналната и патната инфраструктура, животната средина, образованието, културата, спортот и уште многу други.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во воведното обраќање кон граѓаните посочи дека изминатата 2022 година се реализираа голем број на проекти кои допринесоа за подобрување на животот на граѓаните во општината.
Во рамки на своите финансиски можности, како и пандемиската и енергетско-економската криза која се случи во светот, а ја опфати и нашата општина сметаме дека 2022 година е успешна и треба да бидеме горди на сработеното во неа.
Во прилог е деталниот Годишен извештај за работењето за 2022 година, во кој може подетално да се разгледаат активностите во општина Илинден.
https://ilinden.gov.mk/download/izveshtaj-za-rabotenjeto-na-opshtina-ilinden-2022/