Претседателот на Советот на Град Скопје закажа вонредена седсница на која треба да биде донесена одфлука за испраќање помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

- Координативното тело при Совет на Град Скопје, во кое членуваат претставници на сите советнички групи, застапени во Совет на Град Скопје, кои настапија на локалните избори за советници во Совет на Град Скопје, одржа состанок на кој се договори одржување итна вонредна седница на Совет на Град Скопје за 8 февруари 2023 година (среда) со почеток во 13:00 за носење одлука за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што зафати делови од Турција и Сирија, се наведува во пишаната изјава на Славески.

Градоначалник и соодветните сектори на Град Скопје, како што се посочува, се обврзаа да достават до советниците предлог-одлука за финансиска помош, во рамките на можностите на Град Скопје, која ќе се достави до настраданите подрачја.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 02:12