Сеизмологот Славица Радовановиќ за српски Б92, вели дека нема директна опасност за Србија, бидејќи земјата е на „периферијата“ и е последна во низата земји кои се загрозени по потресите во Турција.

Но, таа објаснува дека анадолската плоча е поврзана со нашиот регион и дека во процесот на притисок и поместување може да се очекува зголемување на сеизмолошката активност на Балканот.

Радовановиќ потсетува на случајот од 1939 година кога разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, со иста јачина како овој сега, ја погоди Турција и предизвика смрт на речиси 20.000 луѓе. Една година подоцна, во ноември 1940 година, разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија и предизвика смрт на стотици луѓе, додека стотици згради се урнаа до темел.

Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот, но, според Славица Радовановиќ, Србија е најмалку загрозена, додека последиците од денешниот разорен земјотрес во Турција може да се очекуваат во Грција или Романија во блиска иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 05:03