Руската полиција приведе пијан маж кој се обидел да го украде телото на Владимир Ленин од мавзолејот на Црвениот плоштад во Москва.

„Инцидентот се случи ноќта на 6 февруари. Маж е уапсен кога се обидел да упадне во мавзолејот каде што се наоѓа телото на Владимир Ленин и да го украде истото. Подоцна беше откриено дека човекот бил пијан“, потврдија полициски извори.

Во текот на ноќта полициските службеници го забележале сомнителниот минувач како се движи близу мавзолејот. Кога почнал да ја отвора вратата и се обидел да влезе, полицијата го привела.

На местото на настанот била повикана брза помош, а лекарите констатирале дека мажот има психичко нарушување предизвикано од дејството на алкохолот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 09:34