Oпштина Ѓорче Петров во наредните денови ќе обезбеди парични средства за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Како што информираат од општинската прес-служба, на иницијатива на градоначалникот Александар Стојкоски, а во координација со претседателот на советот Ленче Нелоска, во текот на оваа седмица ќе се одржи вонредна седница на Советот на општина Ѓорче Петров на која на дневен ред ќе биде одлука за обезбедување средства од буџетот.

Од општина Ѓорче Петров упатуваат искрено сочувство до турскиот и сиријскиот народ за загубата на човечките животи.Oпштина Ѓорче Петров во наредните денови ќе обезбеди парични средства за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Како што информираат од општинската прес-служба, на иницијатива на градоначалникот Александар Стојкоски, а во координација со претседателот на советот Ленче Нелоска, во текот на оваа седмица ќе се одржи вонредна седница на Советот на општина Ѓорче Петров на која на дневен ред ќе биде одлука за обезбедување средства од буџетот.

Од општина Ѓорче Петров упатуваат искрено сочувство до турскиот и сиријскиот народ за загубата на човечките животи.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 09:53