Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа средба со претседателот на Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА, Ертан Шакир. На средбата градоначалникот Стефковски прими донација за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба, која се состои од 20 едноставни инвалидски колички, пет помошни помагала, патерици за лица со посебни потреби и пет седишта за бања.

- Благодарение на Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА обезбедена е донација на инвалидски колички, седишта за бања, помошни помагала и патерици кои се наменети за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба. Во следниот период ќе направиме мапирање на лицата со посебни потреби и истите ќе ги посетиме со цел да им овозможиме полесно да ги реализираат своите секојдневни потреби, објави градоначалникот Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 12:20