Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на седница денеска донесе одлука за определување 500 000 денари финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија. Градоначалникот Стефковски на својот официјален фејсбук профил меѓу другото и се заблагодари на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на неговото барање и свикување на седницата за краток рок. - На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот. Гази Баба ќе продолжи да помага!, напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2023 02:33