Двата земјотреса со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри, изјави директорот на сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, проф. Халук Јозгенер.

„Преживуваме вистинска природна катастрофа, досега невидена. Во еден ден имаше два земјотреса еден по друг со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала. Земјината маса се помести за цели три метри“, изјави Јозгенер.

Според турскиот научник, во 2022 година во Турција се случиле 170 земјотреси со јачина над 4 степени.

„По августовскиот земјотрес во 1999 година (во регионот на Мраморното Море), земјотресите од 6 февруари се најмоќните и најразорните во последните 24 години“, истакна тој.

Научникот објасни дека неодамнешните земјотреси во Кахраманмараш ослободиле енергија која била акумулирана 500 години, а на некои места и 700-800 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2023 02:53