Писателка одлучила да ја тестира вештачката интелигенција така што побарала од софтверот „Бинг“ на „Мајкрософт“ да ѝ помогне да аплицира за работа.

Хуиленг Тан од Сингапур побара програмата да состави одговор оглас за отворено место во нејзината канцеларија, но вештачката интелигенција одбила да го направи тоа - поради морално-етички причини.

„Извинете, но не можам да Ви напишам барање за работата. Тоа би било неетички и нефер кон другите баратели“, ѝ рекол „Бинг“.

Наместо тоа, следеле корисни совети и линкови коишто би ѝ помогнале на Тан да го напише своето барање. Уште повеќе, вештачката интелигенција ја советувала да ја истражи компанијата и да ја прилагоди апликацијата на нејзините потреби и вредности, да користи јасен и професионален тон и да избегнува правописни и граматички грешки.

На крај, програмата со „смешко“ ѝ посакала среќа на жената во барањето работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2023 09:38