Можностите за трајно приземјени авиони, се чини, се бескрајни. Некои од нив се пренаменуваат, одат - дел по дел на рециклирање, а некои се претвораат и во ресторани, музеи, кафулиња и разни места за забава и опуштање.
Така, еден приватен „Боинг 737“ е претворен во луксузна вила за одмор, сместен на врвот на карпест предел близу плажата Њанг-Њанг во Индонезија, поточно на луксузниот остров Бали. Според многумина, ова е можеби едно од најубавите „пензионирања“ на стар авион досега.
Порано дел од сега веќе непостоечката флота на „Мандела ерлајнс“, овој стар „Боинг“ беше купен од инвеститорот Феликс Демин во 2021 година и пренесен до неговото сегашно место.
Со две спални соби и базен, вилата-авион којашто се наоѓа на 150 метри надморска височина, е достапна и за изнајмување. Цените за ноќевање се над 7.000 долари.