Традиционално со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија што се одржа пред голем број верници.

Во рамките на манифестација ,,Саем на домашно вино” во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот Александар Георгиевски, годинава се одржа избор на најдобро произведено домашно вино во Општина Илинден. На своевидниот вински фестивал кој прераснува во традиција, учествуваа осум производители на вино.

Според одлуката на жири комисијата, која имаше навистина тешка задача при изборот, составена од членови на „Вински витези“, здружение за промоција на македонското вино и на македонската култура, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски му додели Плакета за најдобро домашно произведено вино, на првонаградениот Борче Божиновски, второто место го доби Страшко Ангеловски, а третото место Љупчо Димитриевски. а благодарници за учество на манифестацијата ,,Саем на домашно вино” им беа доделени на сите учесници.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2023 12:16