Филмските екипи, заедно, минале вкупно над 7.000 денови во снимање на улиците на Париз минатата, 2022 година, објавија вчера властите на француската престолнина. Тоа значи, дури 102 филма и 68 телевизиски серии биле снимени во Париз во целата година.
Меѓу француските кинофилмови, во овој контект се „Витинки живот“ (La vie pour de vrai) на Дани Бун, „Бонар, Пјер и Марте“ на Мартин Прово и новиот филм „Удар на среќата“ (Coup De Chance) на Вуди Ален.
Стрим-платформите како Нетфликс, исто така, снимаат ТВ-серии во Париз, како што се продолженијата „Емили во Париз“ и „Лупин“. Градот Париз ја поддржува филмската индустрија во износ од милиони евра, а за барањата за филмаџиите е основан и посебен оддел. Се наведува дека градските власти поддржуваат и снимање кратки филмови, но исто така, улиците се достапни и за независната киносцена.
Во меѓувреме, внимание се посветува и на тн. поеколошко снимање филмови, на пр. со помал број возила или помала потрошувачка на електрична енергија.