„Ворнер брос“ и „Ди-си комикс“ го објавија првиот трејлер за новиот суперхеројски филм „Флеш“ (The Flash), со Езра Милер во насловната улога.

Световите и универзумите ќе се судрат кога Бери ќе одлучи да ги искористи своите супермоќи и да се врати во времето за да ги промени настаните од минатото, се вели во еден опис на филмот. Во него глумат и Бен Афлек, Мајкл Шенон, Кирси Клемонс, Саша Кејл, како и Мајкл Китон - како „Бетмен“ од „мултиверзумот“.

Режисерската палка му припадна на Енди Маскиети, а приказната на Џоби Харолд во сценарио ја преработи Кристина Ходсон.

Филмот излегува на 16 јуни, оваа 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2023 11:08