Писателката на романите за Хари Потер последниве години стана позната по наводно „трансфобични“ коментари на интернет, па во следното гостување на интернет-емисија, под наслов „Прогонот на вештерките на Џ.К. Роулинг“, таа говори за тоа.

Во најавата, Роулинг вели дека „никогаш не сакала да вознемири никого“, туку имала различни размислувања за своето наследство и позадина од оние на некои обожаватели. Интернет-емисијата ја води Меган Фелпс-Ропер. Интервјуто ќе биде објавено на 21 февруари.

- Она што ме засегна последниве 10 години, и секако - последниве неколку, две, три години, особено на социјалните мрежи... „Го уништивте вашето наследство“; О, можевте да бидете сакани засекогаш, но избравте да го кажете ова“... И јас си велам: „Не можевте 'подлабоко' да не ме разберете“, одговара Роулинг.

Контроверзиите се разгореа во 2020 година, по јавно искажаните ставови и написите на Џ.К. Роулинг околу половата разноликост. Некои од тврдењата на Роулинг, како што е „експлозијата штo ja има во младите жени кои сакаат промена (на полот)“, беа означени како „трансфобични“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2023 09:30