На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, вечерва во 20:00 часот ќе одржи солистички концерт Никола Мицевски заедно со велешкиот хор „Св Кирил и Методиј“. Како гостин е најавен гитаристот Дамјан Пејчиновски, информираат од Општина Велес кои се организатори на концертот.
Мицевски ќе го промовира својот најнов албум „Нова ера“ со 40 - ттина врвни музичари, хористи на сцена.
Албумот е составен од различни музички жанрови.
Врвниот композитор и музичар Никола Мицевски е познат по тоа што изминатава деценија ја збогати домашната музичка сцена оживувајќи подзаборавени македонски песни во ново руво.