Шампионите во лажни вести, политичката партија Левица, со денешното соопштение за јавноста повторно шират дезинформации и ја замајуваат јавноста. Објектот за кој тие говорат денес има дозвола издадена од Градот Скопје каде тие се во неформална коалиција и даваат поддршка за работата на Градоначалникот, Данела Арсовска.
Општина Аеродром, како во минатото, така и сега останува посветена на спроведување на законите, вклучително и во делот на поставување на урбаната опрема на кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти. Инспекциските служби на општина Аеродром веднаш излегоа на терен и преземаат мерки за евентуално постапување во спротивно на законот.
На крајот напоменуваме дека дозволите за поставување урбана опрема на угостителските објекти се целосно во надлежност на Градот Скопје