Британската интернет-страница „Кингказинобонус“ (kingcasinobonus), анализирајќи прегледи на посетители и оценките нивни за најпопуларните туристички дестинации, состави листа од најпреценетите градови во светот.
Така, на првите три места се Бангкок, Анталија и Сингапур. Според наводите, градовите од списокот се подредени преку сеопфатна анализа користејќи повеќе страници за туристички коментари, како што е „Трипедвајзор“ (TripAdvisor) и повеќе други. Истражувањето опфатило десетици илјади оценки за 85-те најпопуларни градови во светот.
Секако, клучни зборови и изрази се „многу разочарувачки“, „не толку убаво како што се очекуваше“ и слично.
Тоа ќе рече, од Бангкок 16,6 отсто од посетителите се разочарани, а „Кингказинобонус“ наведува: „Истражувањето на нашите аналитичари открива дека скоро 17 отсто од посетителите на Бангкок го напуштаат градот разочарани и со впечаток дека главниот град на Тајланд е грубо прескап."
Нам релативно блиската Анталија во Турција, е на второто место.
„Дали вреди да се посети Анталија, ако веќе сте во близина на популарните одморалишта во провинцијата Анталија? Ако ги прашате луѓето кои веќе патувале, одговорот е - не. Повеќе туристи кои го посетиле градот го опишаа како тривијален и без никакви атракции вредни за спомнување", се вели во анализата.
Следи Сингапур, а во топ-10 списокот најпреценети градови се и Минхен, Римини, Мајами, Мумбај, Лондон, Париз, Токио. Во вкупната листа од 85 градови, од регионов Љубљана е 17-та, Загреб - 25-ти, а Белград е на 32. место.