Примерок од првата генерација „Епл ајфон“ паметни телефони е продаден на наддавање за 63.000 долари, што е околу 100 пати повеќе од првичната цена.

Мобилниот телефон продаден на интернет-аукција на „ЛЦГ окшнс“, се наоѓа во кутија којашто никогаш не била отворена. Кога се појави на пазарот, првиот „Ајфон“ чинеше 599 долари, а имаше екран од коро 9 сантиметри и камера од два мегапиксели, како и 4 или 8 гигабајти внатрешна меморија. Уредот користеше 2-Г мрежа, можеше да се поврзе на интернет, а беше достапен и „Ајтјунс“ за корисниците, но немаше тн. продавница за апликации.

Наддавањето и понудите почнаа да доаѓаат на почетокот на овој месец, па првата беше 2.500 долари, а по уште 27 наддавања, таа достигна 63.356 долари и 40 центи. Името на купувачот не е објавен, но се знае дека живее во САД.

Што се однесува до историјата на самиот мобилен телефон, тој ѝ припаѓал на козметичарката Карен Грин која го добила на подарок, но никогаш не го отворила. Кога приказната за уредот се прошири во јавноста во 2019 година, тој беше проценет на 5.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2023 12:47