Романскиот професор Михаил Сикитиу од американскиот Државен универзитет на Северна Каролина работи на нови, мали биоботи - бубачки со вградени уреди што би можеле да спасат десетици илјади животи во случај на земјотрес.

- Се обидовме и со молци, но со нив е покомплицирано, бидејќи можат да кренат само грам или два. Со бубашвабите е полесно oти се поголеми и можат да носат 4-5, а понекогаш и 10 грама, објаснува професорот.

Затоа, проектот главно користи бубашваби од Мадагаскар.

Во овој случај, бубачката „киборг“ е „вооружена“ со мини-електроника и се пушта низ урнатините. На нивниот грб се поставени минијатурни, литиум-полимерни батерии помали од нокт и електронски кола за комуникација со звучник и микрофон со радиопредавател.

Малиот инсект така, далечински управуван и раководен, може да се протне низ мали пукнатини и да собере вредни информации за потребите на спасувачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2023 14:20