Поради уличен дефект Ф-80 милиметри на улица „1673“ бб во населбата Шуто Оризари, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Бутелски Венец“, „Шуто Оризари“, „Индира Ганди“, „Хаџи Јован Шишков“ и „Виетнамска“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 10:45 часот, па до санирање на дефектот.