Поради дефект на шибер ф100 мм на ул. „Јуриј Гагарин“ 20б денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Струшка“, „Мокра“, „Кораб“ и дел од „Јуриј Гагарин“ и дел од ул. „Козле“.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација“ Скопје, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

Исто така, поради дефект на водоводна мрежа на ул. „Качанички Пат“ кај (ГрафикаПлус), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Качанички пат и Јадранска магистрала од 10:25 часот до санирање на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2023 10:39