На единствениот телефонски број за итни случаи Е-112 граѓанин пријавил дека има застрелано куче на улица „Борка Талевски“ број 70 на територија на Општина Карпош, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Веднаш, по трансферираниот повик од 112 во Секторот за операции и координација на ЦУК, Регионалниот ЦУК Скопје ги известил комуналниот инспектор на Град Скопје, Локалната самоуправа – Општина Карпош и Центар за информации и комуникација на МВР за понатамошна постапка, согласно процедурите на известените институции при вакви случаи. Истражувањето на случајот и утврдувањето на фактите при ваквите и слични случаи, како и преземањето оперативни активности е во насока за придонес за зголемување на безбедноста на граѓаните.

Од Секторот за операции и координација при ЦУК, во 15.00 часот, е извршено повторно јавување за следење на континуитетот на пријавениот случај, согласно стандардните оперативни процедури: прво до комуналниот инспектор на Градот Скопје – кој потврдил дека е јавено на Комунална хигиена; второ до контакт лицата од Локалната самоуправа, Општина Карпош – при што повратно е добиено известување дека биле известени потребните институции за отстранување на телото на кучето и потоа трето, до надлежните од Полицијата – што потврдиле дека била пратена екипа за увид на настанот, согласно процедурите при вакви случаи, соопштуваат од ЦУК.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2023 05:10