На почетокот да ја поздравам посетата од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на општина гази Баба и да се заблагодарам за поддршката која ни ја дава со цел за забрзана реализација на проектите кои што ни се ветени пред граѓаните.
Денес имаме можност да присуствуваме на два капитални проекти. Во моментот се наоѓаме во Стајковци на свечено отварање на новата спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“, инвестиција целосно обезбедена од буџетот на општина Гази Баба која чини 20 милиони денари. Искрено сум среќен што после 50 години, населеното место Стајковци и учениците од Стајковци и од околината добиваат спортска сала во која што ќе можат да ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование. Салата е опремена со најсоодветна опрема и спортски реквизити и тука учениците ќе можат да партицираат повеќе видови на спорт, мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика и боречки вештини.
Посебна чест е за мене што на моја иницијатива салата ќе го носи името на Бобан Ивановиќ, македонски херој кој животот го загуби бранејќи ја Македонија во акцијата во Диво Насеље. Со оваа одлука споменот за Бобан Ивановиќ ќе биде вечен и никогаш нема да се заборави.
Исто така во текот на денешниот ден свечено пуштивме во употреба и отворен спортски комплекс во чии содржини има фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева, ново кошаркарско игралиште и детско катче и жителите од околина од сите возрасти и од сите генерации ќе можат да спортуваат, да се дружат и да се рекреираат.
Општина Гази Баба на почетокот на оваа година започна со голема градежна офанзива, така ќе продолжиме во иднина со цел реализација на сите проекти што се од нашата изборна програма и навистина да им направиме подобри услови за живот на нашите сограѓани во општина Гази Баба. Мицкоски: Стајковци доби нова спортска сала и покрај опструкциите на власта, ветувањата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се исполнуваат
Не можеме да го скриеме задоволството кога сме дел од вакви настани, каде што можеме да сведочиме на исполнети ветувања, даден збор кој што граѓаните можат да го видат и на дело. Тоа што се ветува, тоа се и реализира.
Денеска покрај спортската сала овде бевме и на посета на спортско игралиште исто така овде во Стајковци. Ново фудбалско, кошаркарско, детско игралиште исто така имаше во тој комплекс. Така што се работи, се реализира ветеното, и тоа веќе го чувствуваат граѓаните насекаде во Македонија каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници.
Ќе повторам не им е лесно, опструкции на секој чекор, некаде се одземаат ингеренции, се намалуваат дотации, се кратат дотации. Никој од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не добил никаква помош за разлика од малкумината кои што се дел од власта од страна на оваа Влада.
Континуирано се под притисок, но сепак со храбро, чесно, транспарентно работење тие можат да испорачаат голем дел би рекол од она кое што беше ветено за време на кампањата на локалните избори во 2021 година.