Во Франција има сè повеќе книги со рецепти и задоволства за кучиња, како колачи или примамливи јадења засновани на свежи производи, објави парискиот весник „Либерасјон“.

Овие готвачки прирачници, чии автори најчесто се ветеринари или поранешни готвачи, нудат колачи со месо, грицки и слично, некои со привлечни имиња - „кучешки колачиња“ или „смешковци“, но и „вегетаријански“ јадења... Станува збор за избалансирани порции коишто не содржат зачини или состојки што не се препорачуваат за кучиња, како лук, праз или чоколадо.

Познавачите прашуваат дали станува збор за „нов моден делириум на сопствениците кои претеруваат со грижата за своите разгалени миленичиња“ или станува збор за сомнеж во индустриската храна за кучиња?

Вакви книги со рецепти за мачки и кучиња се сè побројни во книжарниците, на пр. во рубриката „Уметност на живеењето“. Авторите често ги оправдуваат своите книги со тоа што „на домашните миленици, како и на луѓето, им е потребна урамнотежена исхрана“ и дека, имено, затоа домашната храна е најдобра.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2023 11:32