На снимањето на филмот „Зандани и змејови: Чест меѓу крадците“ (Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves), британскиот глумец Хју Грант имал „неколку изливи на гнев“, и тоа поради жена која случајно се нашла на филмската сцена.
Долгоочекуваниот филм се снимаше во Северна Ирска, а Грант (62) за списанието „Тотал филм“ открива дека не е задоволен со своето однесување за време на снимањето на филмот. Уште повеќе, тој своето непримерно однесување го спореди со испад на неговиот колега Кристијан Бејл на снимањето на „Терминатор 4“.
- Уште првиот ден изгубив нерви со една госпоѓа. Претпоставив дека таа е филмаџика од студиото, што требаше да ја знам... Потоа испадна дека жената е исклучително фина жена, која придружувала едно девојче, рече тој, опишувајќи како гневот целосно го зацрвенува во лицето.
Инаку, ова не е првпат Хју Грант да ги губи нервите на работа, па еднаш призна и дека има „мега-бес“ барем еднаш годишно. Поради неговото лошо однесување правел паузи од глумата, а и добива сѐ помалку понуди за улоги.
Следниот филм од приказната „Зандани и змејови“ излегува на 31 март и во него глумат и Крис Пајн, Мишел Родригез, Реге-Жан Пејџ.