Скромно здание од 66 квадратни метри на уметникот Кду дос Анжус е прогласено за „Куќа на годината“ на престижен конкурс на списанието за архитектура, „Арх-дејли“.
Куќата се наоѓа во фавелата (населба од збиен тип, обично сиромашна) Англомерадо да Сера, којашто е во склоп на градот Бело Хоризонте. Таа е дело на архитектонскиот колектив „Леванте“, којшто дизајнира бесплатно или со минимален надомест за жителите на фавелата. Зад овој дом, по натпреварот се најдоа многу полуксузни домови од Индија, Мексико, Виетнам, Германија...
- Горд сум што мојата куќа ја освои оваа награда, бидејќи повеќето вести за фавелите се за насилство и згради уништени од лизгање на земјиштето. Денес мојата куќа е на врвот на светот. Знам дека мојата куќа не е најелегантната на светот, но е добро изградена „колиба“, се шегува сопственикот.
Дос Анжус живее во куќата од 2020 година со две кучиња, една мачка и повеќе од 60 растенија. Изведбата на работите чинеше само 150.000 реали (околу 30.000 евра), а инвестицијата се исплатеше на повеќе начини. Не само што куќата доби меѓународно признание, туку и му помогна на Дос Анжус да го оствари својот детски сон.