Поради изведување водоводен приклучок ф-2 на ул. „Златко Шнајдер“ бр. 7, денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата, вклучително и Амбасада на Република Бугарија.

Како што информираат од РЦУК Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот изутринава до завршување со работните активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2023 09:39