Меѓународната вселенска станица (МВС) вчера мораше да биде поместена за да се избегне судир со вселенски отпад, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Вселенскиот брод „Сојуз“ притоа помогнал во маневарот. Летечкиот отпад што се состои, на пример од исклучени сателити и слично, се смета за сериозен проблем и пречка во вселенските потфати.

Според наводите, откако е инсталирана, ова било 334-ти пат МВС да изврши поместување заради избегнување судир со лебдечки отпад. Оддалеченоста на Станицата од Земјата сега е 418,6 километри - 1,2 км подалеку од претходно.

Во мигов на МВС има вкупно 11 членови посада. Од нив, четворица треба да се вратат на Земјата до крајот на неделава со американскиот вселенски брод „Кру драгон“. Меѓу повратниците е и руската космонаутка Ана Кикина.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2023 11:41