Цвеќето камелија како вечна тема и можеби најсилната инспирација на модната куќа „Шанел“, беше главен мотив и на ревијата на последниот ден од Модната недела во Париз.

Голема камелија „никна“ на модната писта, но и помали „цветаа“ на чевлите или како копчиња на фустаните од колекцијата на куќата за висока мода. Според модната куќа, камелијата смирува, има изразена мекост и дава сила.

- Камелијата - таа веќе не е само тема, туку и вечен код на модната куќа, изјави уметничката директорка на „Шанел“, Виржини Вијар.

Машкиот дел од колекцијата се одликува со ревери со засеци и цветни палта инспирирани од наметки во „Денди“ стил.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2023 09:58