Американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА соопшти дека, според досегашниот тек, е на добар пат да ја оствари својата мисија со луѓе околу Месечината следниот ноември, по успешниот пробен лет без посада.

Притоа е објавено ажурирање за програмата „Артемис“ за испраќање луѓе на Месечината. Инаку, првата мисија „Артемис 1“ заврши успешно во декември кога капсулата „Орион“ без астронаути и по повеќе од 25 дена патување околу Месечината - без да слета на неа, потоа се врати безбедно на Земјата. Ако сѐ оди според очекувањата, „Артемис 2“ ќе полета во ноември 2024 година, и треба да однесе четворица луѓе околу Месечината, повторно - без да слета на единствениот природен сателит на Земјата.

НАСА подоцна оваа година ќе ги открие имињата на членовите на посадата. Засега се знае дека само еден од нив ќе биде Канаѓанец.

А пак, „Артемис 3“, планирана за околу 12 месеци по мисијата „2“, ќе треба да слета со астронаути, првпат на Јужниот Пол на Месечината.

НАСА, исто така, се надева дека подоцна ќе почне и оствари повеќегодишно патување до Марс. Во рамки на мисиите „Артемис“, НАСА планира да испрати жена и личност која не е белец, на Месечината.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2023 12:30